За нас и нашата работа

Кој сме ние?

Хемолог  е невладино,не профитабилно здружение базирано на волонтерска активност кое работи за подобрување на квалитетот на животот на индивидуи и семејства погодени од крвни нарушувања преку овозможување на грижлива подкрепа,квалитетна едукација како и делување врз институциите за подобрување на третманот на територија на Р.Македонија.

На кого му служиме?

Хемолог ги услужува фамилиите и индивидуите погодени од крвни нарушувања веќе 15години, овозможуваќи мулти етнички и мулти јазични услуги и програми.

Зошто им служиме?

Крвните нарушувања се живото загрозувачки,дискутабилни и скапи за третирање пропратени со физички, емотивни и социјални предизвици.Неуспехот  превентивно да се третираат нарушувањата доведува до пролонгирани болни крварења што можат да предизвикаат трајни и тешки оштетувања..

Крвните нарушувања влијаат врз целото семејство физички,емоционално и финансиски.Со 15години искуство ние сме единствена “агенција” во Р.Македонија која нуди програми и услуги за лицата погодени од крвните нарушувања за нивно подобро справување со нивната состојба и да бидат по упатени за борба за нивно добро и доброто на нивните семејства.Ние соработуваме со Центарот за Хемофилија,Светската федерација за Хемофилија,Европскиот Конзорциум за Хемофилија  како и со медицински професионалци за да обезбедиме програми и услуги кои се најпогодни за лицата со крвни нарушувања.

Во која насока се движиме?

Ние сме на патот за намалување на морталитетот и за подобрување на животот.Следниот чекор е да се обезбеди третман за седмична апликација.Додека тоа стане возможно ,ние сме фокусирани на тертирање на целата личност, со програми кои овозможуваат емоционална подкрепа,едукативни програми кои овозможуваат поголемо знаење за состојбата и третманот,младински програми кои овозможуваат едукација за важноста на доброто образование кое води до безбедна работа.Ние се бориме за подобра здравстевна заштита,избор на продукт и безбедност на крвта така што сите наши членови би добиле најдобра нега базирана врз нивните потреби.Ние ја подкреваме свеста за крвните нарушувања за да пациентите бидат дијагностицирани побрзо,третирани побрзо и да станат дел од нашата заедница побрзо за да им помогнеме да го подобрат квалитетот на животот  побрзо.

 

Низ што треба да поминеме за да ја постигнеме целта?

Со борбата,програмите и услугите низ кои сме поминале последните 15години увидовме подобрување на превентивниот третман,подобро разбирање за важноста на образованието и континуираниот пристап до третман.Ние им помогнавме на многу лица во трансформацијата од дете  до возрасен.Како и да е има уште многу на кои им е потребна помош и уште многу препреки кои ќе се појават.

За да се продолжи со услугите за нашата заедница на крвни недостатоци,ни требаат извори на финансии,посветеност и  учество,волонтерска активност  и инволвираност, зголемена комуникација со здравствените работници ,зголемување на јавната свест како и постоење на стратегија и посветеност.