Коагулопатии

red_blood_cells

Што се Коагулопатии?

Кај лицата со коагулопатии системот за засирување на крвта не функционира во целост. Како резултат на тоа кај овие лица крварењата траат по долго но исто така можат да настанат и спонтани крварења во мускулите, зглобовите и други делови на телото.

Коагулопате најчесто се генетски преносливи состојби но исто така можат да се појават и како мутација.

Хемофилија е коагулопат кој се јавува 1:10.000 и се појавува како недостаток на 8 или 9ти фактор со тоа што овие лица крварат пролонгирано.

Вонвилебранд е најраспространет коагулопат и се предпоставува дека 1% од светското население ја имаа оваа состојба.Вонвилебранд е еден од полесните коагулопати во споредба со другите и лицата со овој коагулопат можеби никогаш нема да појават потешки симптоми за да бидат дијагностицирани.

Ретки коагулопати се се оние кај кои недостасува некој од факторите за коагулација.Овие недостатоци се многу ретки и малку се знае за нив.Повеќето од нив биле откриени во последните 40год.

И накрај наследните тромбоцитни нарушувања каде што тромбоцитите не си ја вршат функцијата како што треба со што се јавуваат спонтани крварења и модрини.